Инстаграм воведе нови опции

Сподели со своите пријатели

Инстаграм воведе нова опција која ќе ги направи Instagram Story поинтересни. Во прашање се филтри за време на преносот во живо, односно во популарната „live“ опција. 

Филтрите ќе бидат слични на оние кои ги применуваме на нашите фотографии и ќе може да се менуваат за време на емитувањето. Филтрите се користат така што првин морате да ја ажурирате вашата Инстаграм апликација на верзијата 10.21, а потоа со притискање на „home“ копчето во долниот лев агол за да го видите вашиот feed. Притиснете на камерата во горниот лев агол за да отворите „Story“, Во долниот десен агол има икони за нови филтри, притиснете и ќе откриете нови осум филтри, како различни курни, уши од коала, очила…

„ФИНСТАГРАМ“ – Нов бизарен тренд на социјалните мрежи

Loading...

Вториот новитет е што имате опција да дознаете кој точно ве следи. Еден од начините да ја направите оваа проветка е да ја погледнете листата „followers“. Меѓутоа, изглед дека постои и полесен начин. Според зборовите на поголемиот број корисници Инстаграм ја тестира опцијата „Follows You“. Истата ќе овозможи да дознаете кој точно ве следи кога ќе го отвори вашиот профил.

Претходно корисниците на оваа социјална мрежа не можеа да знаат кој го гледа профилот. За сега сепак оваа опција се тестира на Андроид системите, додека корисниците на iOS ќе мора да почекаат.