Инстаграм ќе се пресметува со лажните инфлуенсери

Сподели со своите пријатели

Во време на сеопшта присутност на интернетот во нашите животи и нашите животи на интернетот, едно од најпопуларните и најпосакуваните занимања помеѓу младите е инфлуенсер.

Дали брендовите ќе ги користат услугите на одредени инфлуенсери и колку ќе сакаат да платат, тоа најчесто зависи од бројот на следбеници на одредена личност на Фејсбук, Инстаграм, Јутјуб и другите платформи.

Токму поради тоа не е редок случајот корисниците на социјалните мрежи да „мамат“ кога е во прашање нивната популарност, односно на секој начин, користејќи апликации од трети страни, вештачки да го зголемуваат бројот на следбеници, лајкови и коментари под своите објави.

При користењето на такви апликации, корисниците најчесто мора да остават свои лични податоци кога се пријавуваат на оваа социјална мрежа, со што директно ги кршат правилата за користење на Инстаграм.

Поради тоа од Инстаграм најавуваат сериозна броба против таквите корисници. За таа цел развиле посебна алатка која може да ги препознае профилите кои користат сервиси или апликации за зголемување на бројот на следбеници, лајкови и коментари.

Кое е најфотографираното јадење на Инстаграм?

Loading...

На таквите корисници ќе им биде испратено предупредување и известување за кршење на правилата и од нив ќе се бара промена на лозинката.

Доколку и потоа продолжат да ги користат методите за лажно зголемување на популарноста, тоа би можело да влијае на „нивното искуство со користење на Инстаграм“, соопштуваат од компанијата, иако не објаснуваат на што конкретно мислат.

Ова е само еден од чекорите со кој Инстаграм сака да се заштити од ширење лажни вести и „измамнички“ активности на корисниците, како и да ја обезбеди популарната социјална мрежа да биде заедница преку која луѓето се поврзуваат на автентичен начин.

Leave a Reply