Инстаграм го менува дизајнот: Компанијата најавува визуелно освежување

Сподели со своите пријатели

Инстаграм објави дека воведува „визуелно освежување“ за својот бренд. Компанијата воведува малку изменето лого, нов фонт и маркетинг распоред на цел екран. Во соопштението се вели дека освежителните промени се дизајнирани да „создадат посеопфатни и инклузивни искуства“.

Loading...

Новиот фонт се вика „Instagram Sans“ и е инспириран од логото на компанијата, односно квадрати, кругови и заоблени форми. Фонтот исто така содржи повеќе глобални скрипти. Компанијата вели дека Instagram Sans е современ ремикс на гротескни и геометриски стилови.

 

 

Instagram Suns е нов начин за нашата глобална заедница да се изразува на Инстаграм, на места како Stories и Reels, велат од компанијата.

„Додека го дизајниравме новиот фонт, нашата цел беше да го направиме Instagram Sans глобално достапен. Соработувавме со експерти за јазици ширум светот за да го приспособиме фонтот на глобалните скрипти, вклучувајќи арапски, тајландски и јапонски. Сакаме да ги поддржиме сите наши творци и членови на заедницата, кои ја туркаат културата напред, целосно да се изразат на кој било јазик“.

Што се однесува до новото лого, градиентот сега е малку пожив за да изгледа „посветло и поживо“, велат од компанијата. Инстаграм забележува дека градиентот е редизајниран со помош на процес на 3D моделирање.

Loading...

Распоредот за маркетинг, за кој Инстаграм вели дека е дизајниран да ја „слави едноставноста“, им беше претставен на корисниците во време кога Инстаграм тестира нов изглед на содржина, сличен на апликацијата ТикТок.