Инспектор од СВР Куманово осомничен за фалсификување свидетелства

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Р. (39) од Куманово, помлад инспектор за општ криминалитет во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, информираат од МВР.

Пријавениот во текот на 2002 година, со намера да се стекне со противправна имотна корист, односно да оствари работен однос и се вработи во МВР на РМ, без претходно завршено средно образование, на засега непознат начин изготвил четири свидетелства за завршени четири години во Авто сообраќаен училиштен центар „Боро Петрушевски“ Скопје, како и диплома за положен завршен испит за сообраќаен техничар.

Ваквите документи во четири наврати ги употребил во правниот промет како вистинити и тоа кај нотар од Куманово каде ги заверил истите, во Агенцијата за вработување, во Одделението за заеднички работи во СВР Куманово и при упис во Државниот универзитет во Тетово каде во текот на 2015 година се стекнал со уверение за завршена висока стручна спрема.

При тоа, во периодот од 24.02.2005 до 30.01.2014 година бил вработен како полициски службеник во Полициска станица Куманово, а од 30.01.2014 година со решение е распореден на работно место помлад инспектор за општ криминалитет во СВР Куманово.