Инсиње: Тренерот на Лајпциг ми праќаше бакнежи

Сподели со своите пријатели

Фудбалерот на Наполи, Лоренцо Инсиње во изјава за „Скај Спорт“ опиша многу чудна ситуација која се случи пред крајот на синоќешниот дуел со Лајпциг.

– Пред крајот на натпреварот бев изложен на провокации од страна на помошник тренер во Лајпциг, кој ми намигнуваше и ми праќаше бакнежи. Тоа беше класичен потсмев. Сметам дека противничката екипа треба да се респектира и во победа и во пораз, а тој отиде предалеку, истакнува Инсиње.

Иако Наполи во Германија победи со 2:0, поради поразот од 3:1 од првиот натпревар остана без осминафинале во Лига Европа. /МИА

Leave a Reply