„Inseparable” – Најава за првиот авторски албум на Brass Brothers (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На 04 aприл 2021 година, македонската музичка атракција Brass Brothers на пошироката публика и ја претстави својата нова песна “Inseparable”, како најава за нивниот прв авторски албум “Balkan Mayhem”.

Loading...

“Inseparable” го носи препознатливиот звук на Brass Brothers кој никого не остава рамнодушен. Брзо темпо и експлозивна енергија совршено искомбинирана со меланхоличните звуци кои се одлика на балканската душа.

 

 

Музиката и аранжманот се на фронтменот на Brass Brothers Горан Мицевски Кус, текстот го напиша Ник Де Карло, додека аранжманот на песната е заедничко дело на Ненад Тодоровски – Todd Haze, Ристе Шандаров и Горан Мицевски Кус .

“Inseparable” може да ја преслушате на следниов линк а достапна е и на сите дигитални платформи за слободно преслушување. Песната веќе може да се купи и на повеќе од 150 дигитални музички продавници.

 

Loading...

 

Brass Brothers со “Inseparable” но и со албумот “Balkan Mayhem” носат нов звук на македонската музичка сцена, а и пошироко. Тие се првиот музички бенд кој DnB звукот го збогатуваат и комбинираат со Brass секција.

“Balkan Mayhem” е енергичен, моќен, оригинален и креативен албум, полн со живот. Како и самиот бенд и албумот е со уникатен звук и апсолутно позитивна енергија и порака.

 

 

“Албумот го работевме во време несвојствено за нас, за нашата енергија и мисија. Го работевме во време на пандемија, изолираност, одалеченост и неизвесност, со тежок предизвик во однос на финансиите. Но и покрај сите предизвици и потешкотии најголемата финансиска поддршка ја добивме од најпогодените во оваа пандемија, македонските ноќни клубови и кафе барови од повеќе градови од државата. Истите покажаа огромна поддршка и солидарност и овозможија реализација на видеозаписите на еден од првите DnB албуми на овие простори.

Loading...

Видео записот за “Inseparable” беше делумно подржан од кафе барот “Камарите” од Битола, на кој во името на Brass Brothers им изразувам посебна благодарност” –изјави фронтменот на Brass Brothers Горан Мицевски Кус.

Во однос на плановите за во иднина, момците се надеваат дека нивните фанови надвор   од границите конечно ќе можат да ги слушнат во живо на големите фестивалски сцени.

 

 

“Низ годините добивавме покани да настапуваме на многу големи настани и фестивали не само во Европа туку и пошироко, но бидејќи не располагавме со сопствен авторски материјал, не можевме да ги исполниме барањата. Се надеваме дека што е можно поскоро, човештвото ќе ја надмине пандемијата, а ние ќе им се вратиме на нашите препознатливи живи настапи, овојпат и на големите светски сцени”.

Brass Brothers  е формиран пред 8 години и во него членуваат Горан Мицевски Кус (тромбон), Костадин Бетоски (саксофон), Пере Мелов (труба), Николче Михајловски (Dj) и Ник де Карло (туба). Brass Brothers функционираат како кавер бенд препознатлив по динамичните живи настапи и зад себе имаат една авторска песна на македонски јазик “Време Невреме”. Во изминативе години тие имаат настапено на сите поголеми фестивали и во сите поголеми локали низ државата и пошироко. Го држат рекордот за најангажиран бенд во Македонија.

 

Loading...

 

Интегрално соопштение

Leave a Reply