Иновација која штеди простор: Ротирачки паркинг пристигна на Балканот (фото)

Сподели со своите пријатели

Автоматизиран систем кој од две места за паркирање прави осум, може да се види во Загреб, иако слични може да се направат било каде.

Ротари паркингот е економичен паркинг систем кој наместо во широчина оди во височина и така обезбедува поголем број паркинг места на мала површина. Инсталиран е во Загреб, а прашање на време е кога оваа иновација ќе пристигне и во останатите делови на Балканот.

Имено, иако вакво техничко решение, кога автомобил влегува во конструкција и системот го крева во воздух за да истото место го ослободи за друг автомобил, во светот постојат повеќе од деценија, на Балканот, колку што е познато, прва го инсталира хрвартска компанијата „Еруопарк систем“ и тоа во својот двор.

 

Loading...

 

Оваа фирма на пазарот постои нешто повеќе од година дена и специјализирана е за проектирање и примена на нови технологии за паркирање, а на овој проект работела во сработка со факултети и други компании од Хрватска, пишува „Јутарњи лист“.

Нивниот систем е инсталиран на паркинг местото кое инаку зазема простор за два автомобили, но на него во исто време може да бидат паркирани осум возила.