Иницијативата „Будење“ ќе бара референдум во Куманово против интеграцијата на бегалците

Сподели со своите пријатели

Во организација на иницијативата „Будење“ и во Куманово денеска на градскиот плоштад започна собирањето потписи за референдум против изградба на населби за бегалци.

Собраните потписи ќе бидат доставени до претседателот на Советот на општината, градоначалникот и координаторите на советничките групи од кои ќе се бара итно поставување на точката за рефенредум на дневниот ред.

Како што вели Розита Симоновска Аритонова од иницијативата Будење, актуелната Влада по предлог на Министерството за труд социјална политика донела предлог акционен план за интеграција на бегалците во Репблика Македонија, нивно образование и вработување.

Првин трајно вдомување предвидува градење станови, куќи и населби за бегалците, се предвидува додека тоа да се обезбеди бегалски кампови за нив или плаќање кирии и комуналии за истите додека трајно не бидат сместени. Се предвидува бесплатно основно и средно образование, се предвидуваат обуки за возрасни лица за верификација на сите дипломи. Во стратегијата се предвидува вработување на овие лица во државните институции и јавниот сектор – вели Симоновска Аритонова.

Според Симоновска Аритонова ќе се намалат платите и пензиите, губење работни места, отпуштање на македонските граѓани и зголемување на криминалитетот. Сепак на прашањето дали во Куманово се предвидува изградба на такви станови од иницијативата велат дека не се запознаени.

Јас таква информација немам затоа што како граѓанин давам информација врз основа на она што ќе го слушнам прочитам, видам во мас медиуми, портали и социјални мрежи и ресурси со кои располагаме генерално – додава Симоновска Аритонова.

Иако Владата и ресорното министерство ги демантираа информациите дека во Македонија ќе се градат станови за бегалците, иницијативата сепак собира потписи за референдум. Велат дека се само загрижени граѓани, а изјаите на Владата не сакаат да ги коментираат.