Инфлацијата во Турција достигна 61%, највисока во последните 20 години

Сподели со своите пријатели

Инфлацијата на годишно ниво во Турција денеска достигна 61,14 отсто, што е највисока во последните 20 години.

Loading...

Турскиот институт за статистика соопшти дека цените во земјата се зголемиле за 5,46 отсто во март во споредба со февруари.

 

ЛЕДИ КРВ ВО ВЕНИТЕ: Ров долг 14 метри, а во него цивилни жртви

 

Инфлацијата на годишно ниво во февруари изнесува 54,44 отсто.

Најмногу поскапувања имало во делот на транспортот (99,12 отсто) и храната (70,33 отсто).

 

Loading...

Украина: Русија мобилизира уште 60.000 војници

 

Ваквата состојба е последица на економската криза, која беше влошена од пандемијата Ковид-19.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД во сабота ќе гласаат за законот за воена помош за Украина

Сега поради војната во Украина поскапеа енергенсите и житариците.