Индонезија ја преместува својата престолнина (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Индонезија Џоко Видодо потврди дека главниот град на азиската држава од Џакарта ќе се пресели на островот Борнео.

Loading...

– Нашиот главен град се преместува на островот Калимантан. Ќе биде сместен во централнио, источниот или јужниот Калимантан. Детално ги проучивме сите аспекти и одлуката ќе биде во рамките со националната визија за следните 10, 50 и 100 години, напишал тој на Твитер, користејќи го индонезиското име за островот Борнео.

Индонезија испраќа 50 полицајци на диета поради вишок килограми

Градот Паланкараја и подрачјето во близина на Баликпапан, богато со нафта, се разгледуваат меѓу веројатните локации за новиот главен град.

Експертите тврдат, дека за разлика од другите делови на Индонезија, поголемиот дел од Борнео не го погодуваат вулкански ерупции и потреси.

Владата сака да започне преселба во новиот главен град до 2024 година, по завршување на вториот петгодишен мандат на Видодо.

Вака се казнуваат педофилите во Индонезија (ФОТО)

За преселбата ќе се потрошат 33 милијарди долари, а како главни причини за преселувањето се сообраќајните метежи, честите поплави и одрони.

Loading...

Оолу 40 отсто од Џакарта, град со моментално 10 милиони жители, се наоѓа под нивото на морето и продолжува да тоне.

Leave a Reply