Индиските лекари отстранија тумор на мозок од два килограми

Сподели со своите пријатели

Индиските хирурзи соопштија дека на еден пациент му отстраниле тумор на мозокот со рекордна големина од скоро два килограми.

Пациентот Сантал Пал, 31-годишен трговец, опериран е на 14. февруари во болница во Мумбаи, каде му е отстранет туморот.

– Операцијата беше исклучително тешка, рекол началникот на неврохирургија во болницата Тримутри Надкарни и додал дека хирушката интервенција траела седум часа, по што успешно е отстранет тумор на мозок со големина од 1,87 килограми.

Хирургот рекол дека тоа е најголемиот тумор на мозокот кој е отстранет на пациент.

Пациентот полека заздравува, а започнал и да чекори и самостојно да јаде, наведуваат хирурзите.

Претходниот „рекорд“ бил тумор со големина од 1,4 килограми.

Leave a Reply