Инцидент за време на аеромитинг: Авион паднал во океанот во близина на плажата, која била полна со луѓе (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

За време на воздушниот саем на плажата „Какао бич“ во Флорида, еден од историските воени авиони што летал ниско, покрај плажа полна со луѓе, започнал да се спушта. Се урнал во водата на околу 5 метри од брегот. Немало никој повреден.

Loading...

За време на специјалното дефиле на vintage воени авиони кои летаа многу ниско во близина на плажата, американскиот торпедо авион ТБМ Авенџер започнал да се спушта. Пилотот морал да слета во океанот меѓу пливачите.

За среќа, ниту пилотот, ниту луѓето собрани на самото место не се повредени, а машината не изгледала многу оштетена.

 

Leave a Reply