Инцидент кај границата со Украина: Се урна дрон во Русија (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Дрон се урна на аеродромот во рускиот град Белгород, во близина на границата со Украина, изјави денеска претставник на службите за итни случаи.

Loading...

„Дронот се урна (во понеделникот) попладне, оградата на аеродромот е малку оштетена“, изјави тој за РИА Новости.

Според првичните информации нема повредени.

Околностите на инцидентот ги истражуваат службите за итна помош.

Аеродромот Белгород е затворен од 24 февруари 2022 година како дел од режимот за ограничување на летовите во јужниот и централниот дел на Русија.

Украина постојано го гранатираше регионот на Белгород, а целата територија на тој регион има висок степен на опасност од терористички закани.

 

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.