Имале прекрасна врска, но една вечер и заѕвонил мобилниот и тој се претворил во монструм (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Британецот Шон Симонс, кој некогаш работел како бармен во топлес, одговарпред судот откако бил обвинет за злоставување на својата девојка така што главата и ја замотал во пешкир, а потоа ја посипувал со вода.

Како што рекол обвинителот Нил Џонс во Кралскиот суд во Кингстон, девојката губела здив и мислела дека ќе умре.

Подоцна на тој20. јулни 2016. година Симонс во напад на љубомора извадил нож и се заканувал дека ќе ја убие.

 

Loading...

 

Жрвата по двата инциденти уште кратко била во врска со него, но подоцна се преселиле и избегала одего. Изјавила дека нема да биде сигурно ако тој биде пуштен од притвор.

– Свесна сум колку малку ме делеше од смртта за тоа кратко време кое го поминав со Шон и не верувам дека останала жива кога повторно би се сретнале. Морам да го напуштам Хал. Верувам дека ќе убие некоја друга жена доколку го пуштат, рекла таа.

Откако биле сослушани уште пет жени кои ги злоставувал, судијата Марк Бери го одложил изрекувањето на пресудата поради проценка на ризикот кој го претставува Симонс.

Инаку, парот се запознал на Фејсбук тоа лето и скоро веднаш започнале да се забавуваат. Девојката изјавила дека бил многу драг, но дека бргу сфатила дека е екстремно љубоморен.

Месец дена пред давењето под вода, ја довел до солзи кога ја плукнал во лицето додека заедно лежеле во кревет. Инцидентот следувал по нејзиниот 20-минутен телефонски разговор со поранешното момче. Симонс бил опседнат со него и поради тоа ја давел.

Имал 16 години кога се запознале, а таа на 32 му родила син (фото)

Се започнало со наводна игра, но тој подоцна ја врзал за кадата и започнал да ја дави.

– Обвинетиот и ги врзал зглобовите со појасот од домашниот фустан, што било доволно на нејзините зглобови да останат траги, рекол обвинителот.

 

 

Потоа ставил дебел пешкир преку нејзиното лице и чувствувала како и сипува вода врз главата.

Во декември минатата година, Симонс започнал врска со друга девојка, која исто така била жртва на неговите љубоморни испади.

Освен што и испраќал заканувачки пораки, влетал со нож на забава на која била, но домаќинот исто така зграбил нож и го избркал.

Симонс ја признал вината за нападот и нанесувањето физички повреди, закани со убиство, навредување на полицијата и заканувачки пораки.

Leave a Reply