Има 20 години, а изгледа како дете: Боледува од ретка болест, поради која ја исмеваат (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Мишел Киш (20) од Илионис во Америка, една е од 250 лица во светот кои боледуваат од Hallermann-Streiff синдромот, поради кој многу често луѓето мислат дека таа е се уште дете.

Синдромот од кој боледува Мишел се случува еднаш во пет милиони случаи, па затоа и не изненадува фактот дека лекарите не знаеле да објаснат на нејзините родители зошто е поинаква.

Ова девојче има болест која е толку ретка што се уште нема име (фото)

Loading...

Како што навела нејзината мајка Мери, бременоста и минала сосема нормално и ништо не укажувало дека нешто не е во ред со бебето, пренесува Дејли Мејл.

Сепак, откако Мишел дошла на свет, било очигледно дека нешто не е во ред, затоа што многу се разликувала од останатите бебиња, а највпечатлив бил нејзиниот нос кој повеќе наликува на клун.

Лекарите не знаеле за што станува збор, па повикале генетичар од друга болница, кој врз основа на фотографијата од медицинските книги, потврдил за што се работи.

Децата кои се раѓаат со овој синдром, имаат бројни сериозни здравствени пречки, па така и Мишел ден денеска е зависна од константна медицинска нега. За неа се грижи мајката и медицинската сестра.

Како што наведува Мери, Мишел од 28 симптоми карактеристични за синдромот од кој боледува, има 26. Покрај сето тоа, Мишел боелдува и од дварфизам, што значи дека не може да порасне.

Иако лекарите немале добри прогнози за Мишел, родителите Мери и Бред не се помириле со тоа и не се откажале од неа.

На општо изненадување на лекарите, Мишел денес има 20 години, а многумина поради нејзиниот изглед, кога ќе ја видат мислат дека е дете.

Поради ретката болест светот го гледа наопаку, но тоа го прави со насмевка (фото)

Како што наведуваат родителите на оваа девојка, многу е весела и насмеана и не се жали на бројните здравствени проблеми со кои се соочува.

Мишел е фасцинирана од својата постара сестра и вели дека сака да прави се што и таа, па така и да најде момче.

– Никогаш не сум имала момче, но сакам едно бидејќи веќе имам 20 години. Сара првото момче го имаше во средно училиште, наведува Мишел.

Leave a Reply