Има 112, а активно пуши по 30 цигари дневно веќе 95 години (видео)

Сподели со своите пријатели

И покрај многуте години и живот во сиромаштија Непалката Батули се уште добро се држи со огледн на тоа дека има 112 години и е една од најстарите жители на планетава.

Бројот на нејзините години е неверојатен уште кога ќе се земе во предвид фактот дека долговечната старица пуши цигари веќе 95 години.

Започнала кога имала само 17 години, а дневно во просек испуши околу 30 цигари.

Започнав да пушам рано и тоа ми влезе во навика. Мислам дека сега не би можела да престанам – рекла старицата.

Нејзиниот единствен совет е дека луѓето треба да ги избегнуваат комерцијалните цигари и дома да си мотаат свои од домашен тутун.

Веќе не ги бројам годините, сата сум за тоа. Низ својот живот гледав како се менуваат многу работи – изјавила Батули Ламичхане.

Нејзиниот сопруг ја напуштил пред 80 години, а нејзиниот настар син денес има 85 години. Четирите свои останати деца ги надживеала. Ни самата не е сигурна како успеала да поживее толку долго, но за сите оние кои сакаат да доживеат слични години на нејзините има само еден совет.

Луѓето денес живеат со премногу стрес. Сите оние кои не работат и не се активни во позамашните години сигурно нема да живеат долго. Бидете активни и немојте да се нервирата – советува оваа бабичка.

Нејзината целосна животна приказна погледнете ја во видеото.