Им почина драг професор – го испратија со борбен танц (видео)

Сподели со своите пријатели

Ученици од средно уличиште во Нов Зеланд ги шокирале присутните кои пристигнале на погребот на професорот Досон Таматеа кој починал на 55 – годишна возраст.

Loading...

За да му одадат почит и да му изразат благодарност, стотина ученици започнаа традиционален борбен танц карактеристичен за домородците, во светот познат Маорија – Хаку.

Училиштето го поставило видеото на Јутјуб каналот и досега оставариле посета од 1,5 милиони прегледи.

Кога стаса погребното возило со сандакот на професорот, учениците според правилата на воениот танц, почнаа да се удираат во гради, да ги удираат нозете од земја и да пеат песни, во совршено синхронизирана атмосфера која предизвикува морници.

Ова е емотивен и силен перформанс. Многу сме горди на своите момчиња, стои напишано под видеото на каналот Јутјуб.

Танцот можеби го имате видено на почетокот на рагби игра на тимовите од Нов Зеланд.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.