Им ја украле јахтата на Јадранот, па сега објавуваат фотки од неа (фото)

Сподели со своите пријатели

Викторија Н. на својот профил објавила информација дека во сабота и била украдена јахтата. Инцидентот се случил во Хвар, а жената се обратила до порталот index.hr за да и помогнат во потрагата.

Се јавувам поради кражба на брод. Кражбата се случи во сабота во градот Хвар, а утринава луѓето објавиле своја фотографија на Инстаграм во нашата јахта. парот е од Словачка, неговото име е Давослав Ачбергер, а таа се вика Тина Хедерова. Од сабота ги бараме во сите подрачја околу Хвар со помош на капетанијата, но од нив нема трага. Инаку се работи за Елан пасари со регистрација 318 ХВ, мотор Тохатсу 5 коња. Доколку можете на било кој начин да ни помогнете би била многу благодарна – напишала Викторија.

Davoslav-David-Achberger-2

Loading...

 

Жената случајно ја пронашла фотографијата на Инстаграм.

Бродот во сабота беше изнајмен наутро, а во 19 часот требаше да го вратат. не се вратија, ниту се јавија, па околу 21 часот контактиравме со полицијата. Ја повикавме и капетанијата, во недела таа ги барала по блиските острови, а ние веќе со нашите бродови ја баравме. Едноставно не можевме да ја најдеме. Вчера напишав на Инстаграм #Hvar и најод на свое изненадување нивна фотографија на нашиот брод. Така дојдовме до повеќе податоци за нив, но полицијата ништо не презема, сакаат да почекаат уште неколку дена. Со нив очигледно се е во ред кога објавуваат фотографии на Инстаграм – додала таа.

Davoslav-David-Achberger-3

 

Бродот инаку на крајот бил најден кај месноста Стар Град на Хвар, но од младиот пар ниту трага ниту глас.