Илон Маск потврди: Тесла пристигнува во Србија и Хрватска

Сподели со своите пријатели

Основачот и прв човек на компанијата Tesla, Илон Мас, на Twitter напиша дека Tesla наскоро ќе се најде во Словачка, Србија и во Хрватска. Маск тоа го напиша како одговор на прашањето на еден од неговите следбеници на таа социјална мрежа кој сакаше да знае кога може да се очекува доаѓањето на Teslа во Словачка.

Loading...

Чудни правила кои Илон Маск ги следи за успех

„Се надеваме на отворање во Словачка, Хрватска, Србија и во повеќето земји од Источна Европа на почетокот на идната година. Најпосле ќе го направиме Никола Тесла горд на тоа што ќе има свои електрични автомобили во земјите од кои потекнува“ напиша Маск на Twitter.

Два километри за четири минути – Вака изгледа возењето низ тунелот на Илон Маск (ВИДЕО)

Маск не прецизираше што значи тоа точно, но тешко веројатно е дека се работи за производство на автомобилите, туку се однесува на отворање на претставништва или на директна дистрибуција на електричните автомобили. Tesla веќе почна да ја шири продажната мрежа во Источна Европа, па нивни автомобили од неодамна може да се купат во Унгарија, Послка, Романија и во Словенија.

Милијардерот Илон Маск се пожали дека спие на под, па фановите му купија кауч

Оваа компанија засега има сервисен центар само во Послка, но е најавено отворање на уште еден во Будимпешта. Инаку, Србија има солидна инфраструктура за користење електрични возила затоа што десетици полначи веќе се поставени долж автопатиштата, како и во јавните гаражи во Белград и на безниснките пумпи.

Илон Маск ќе ја започне колонизацијата на Марс

Loading...

Компанијата Tesla можеби е најпозната по својот Model 3, кој имаше многу проблеми при производството затоа што не можеа да го задоволат бројот на нарачани возила поради недоволниот производствен капацитет. Поради тоа Маск минатата година напиша дека спие во фабриката.

Leave a Reply