Илон Маск нуди 100 милиони долари за отстранување на јаглерод диоксид од атмосферата

Сподели со своите пријатели

Американскиот бизнисмен и милијардер Илон Маск понуди награда од 100 милиони долари оваа недела за пронаоѓање ефикасен систем за отстранување на јаглерод диоксид од атмосферата и од океанот.

Loading...

„Засега, имаме само една планета. Дури и да имавме 0,1 проценти шанса за катастрофа, зошто би ризикувале? Лудо е”, рече Маск, сопственик на автомобилската компанија Тесла, пренесува CBS News.

 

 

Маск ја објави наградата од 100 милиони долари во јануари, натпреварот ќе трае четири години, а во четврток, на Денот на планетата Земја, американскиот милијардер ги објави условите за учество на овој натпревар, што организаторите го нарекуваат „најголема стимулативна награда во историјата”.

Проблемот со екстракција на јаглерод диоксид и неговото складирање се повеќе го привлекува вниманието на истражувачите бидејќи поради климатските промени се топат глечерите, се интензивираат тропските бури и има сè повеќе бранови на топло време.

 

Loading...

 

Светот произведува околу 50 милијарди тони јаглерод диоксид годишно, отстранувањето може да чини околу 300 американски долари за тон, а научниците проценуваат дека до 1050 година треба да се отстранат околу 10 милијарди тони јаглерод диоксид, објави претходно Ројтерс.

„Мислам дека тоа е еден од проблемите за кој е потребно време. Мора да сфатиме кое е најдоброто економско решение за отстранување на СО2″, рече Маск.

Leave a Reply