Илјадници патници заглавени на аеродромите во Германија

Сподели со своите пријатели

Илјадници патници на четири германски аеродроми, вклучувајќи го и најголемиот во Франкфурт, се најдоа во неволја поради штрајк.

Во штрајкот учествувале копнено аеродромскиот персонал, но и други вработени во јавниот сектор ширум земјата кои се незадоволни од платите.

Германската авиокомпанија Луфтханза соопшти дека откажува повеќе од 800 од планираните 1.600 летови, додека на пореметување во возниот ред се јаву и авиопревозникот Фрапорт, пренесува Ројтерс.

Штрајкот започнал вчера во 5 часот наутро по локално време и траел се до 18 часот.

Синдикатота „Верди’ бара зголемување на платите од шест отсто за своите 2,3 милиони вработени во јавниот сектор на федерално и локално ниво. Германската федерална влада и општините ги отврлија барањата на синдикатот.

Leave a Reply