Илјадници луѓе заробени од снегот во Шпанија, војската во спасувачка акција (видео)

Сподели со своите пријатели

Шпанија  денеска испрати 250 војници да спасат илјадници возачи и патници од автомобилите кои се заглавиле претходната ноќ додека паѓал силен снег.

Ангажирани се две специјализирани чети војници и 95 возила за чистење за да се стигне до 3.000 возила заробени под снего, долж 70 километри автопат. Од камион се делат топли напитоци и облека, објавува шпанската телевизија.

Метеролошката служба на Шпанија денеска за 37 покраини издала предупредување за силен снег, ветер, но и обилни врнежи од дожд.

Loading...