Илиевски: Се надевам дека ќе бидат фер и демократски изборите (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Надеж за фер и демократски избори изрази денеска кандидатот за градоначалник на Куманово од редовите на СДСМ Оливер Олиевски, откако го оствари своето гласачко право.

Loading...

– Денеска го остварив моето гласачко право и ги повикувам сите кумановци да го искористат своето право за да изборите бидат фер и демократски и да можеме да донесеме одлука сите ние заедно кумановци за најдобриот кандидат кој мислат дека најдобро ќе ги застапува во локалната самоуправа, изјави тој.

Вели дека фер и демократски избори му прилегаат на народот и така треба да биде за да државата оди напред.

– Се надевам дека ќе бидат фер и демократски изборите, фер и демократски ден, бидејќи така му прилега на целиот народ и затоа што треба да мислиме на државата да ни оди напред, а не да имаме нефер избори со кои ќе имаме негативна оценка и целата држава ќе оди назад во интеграциите во Европа, додаде Илиевски.

 

Во моментот на снимање на изјавата денеска претпладне, Илиевски рече дека немал информации за евентуални нерегуларности и прекршувања на изборниот молк.

Никола Ивановски

Loading...