Илиевски: И покрај загубениот меч, јас сум задоволен од настапот на Велевски (фото)

Сподели со своите пријатели

И покрај загубата на мечот против ММА борецот Марјан Мишков од клубот ”Будо” од Велес, јас сум сепак задоволен од борбата на нашиот член Милош Велевски, вели тренерот на кумановскиот ММА Кик бокс клуб ”Куманово 2006”.

Loading...

20151024_202557

На меморијалниот ММА турнир што викендов во организација на македонската и хрватската ММА федерација се одржа во Велес под името ”Fight Night Champions”, кумановскиот ММА борач Милош Велевски го загуби мечот во категорија до 70кг борејќи се против борецот Марјан Мишков од клубот ”Будо” Велес

Во една тешка и неизвесна борба, нашиот член загуби на поени но ги доби симпатиите од публиката за неговата храбра борба. Јас како тренер на клубот сум за доволен од постигнатото и очекувам успех и во иднина.

На меморијалниот ММА турнир се одржаа вкупно 18 борби, при што настапија квалитетни натпреварувачи од Хрватска , Србија, Босна и Херцеговина и Македонија.