Илиевски: Граѓаните очекуваат позитивна кампања, а не да се критикуваме и напаѓаме

Сподели со своите пријатели

„СДСМ ќе се придржува до кодексот за фер избори“, рече денеска кандидатот за градоначалник на Куманово на оваа партија, Оливер Илиевски, откако со неговите противкандидати го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори.

Loading...

Како што додаде тој, Граѓаните очекуваат позитивна кампања, а не да се критикуваат и напаѓаат меѓусебно.

– Ние ќе се придржуваме до Кодексот што го потпишавме затоа што сепак граѓаните очекуваат позитивна кампања, очекуваат тоа што ќе им понудиме на граѓаните, а не да се критикуваме и напаѓаме помеѓу себе. Затоа ние како СДСМ отсекогаш сме биле партија со европски вредности, така ќе продолжиме и оваа кампања ќе ја тераме позитивна се со цел граѓаните да слушнат што е она што планираме во идниот период да го направиме во нивна корист, а додека очекуваме и од нашите политички противници да се придржуваат до кодексот кој денеска го потпишавме, изјави Илиевски.

 

 

Илиевски рече дека ќе ја прифати иницијативата на Димитриевски, во понеделник сите кандидати за градоначалник да имаат заедничка кафе средба со што официјално ќе ја започнат кампањата за годинешните локални избори.

Никола Ивановски

Loading...