Илегални мигранти откриени во босански камион на Табановце

Сподели со своите пријатели

Две лица без документи за идентификација и со непозната националност биле откриени во камион со босански регистерски ознаки на граничниот премин Табановце, информираат од Царинската управа на Република Македонија.

При контрола на босанскиот камион, управуван од босански државјанин, пријавен за излез од државата, возачот забележал дека церадата од десната страна на приколката е отворена и побарал да се викне полиција и да се изврши контрола на товарот. При извршената контрола биле откриени мигрантите од страна на цариниците.

Илегалните патници биле предадени на полициските службеници од преминот за понатамошна постапка.