Икарди го менува Кавани, ПСЖ му нуди на Интер на 110 милиони евра

Сподели со своите пријатели

Пари Сен Жермен се вклучи во трката со Реал Мадрид за ангажман на голгетерот и капитен на Интер, Маури Икарди и е подготвен да понуди 110 милиони евра, пишува „Кориере дело Спорт“.

Парижаните ќе му дадат 40 милиони евра на Аргентинецот за петгодишен договор и улогата да го замени Единсон Кавани, чие заминување е се поизвесно поради несогласувањата со првата ѕвезда на клубот, Нејмар.

Сепак, ваквата понуда е пониска од она на Реал, која нуди повеќе од пет милиони евра и 30 до 50 отсто приходи на Икарди.

Интер полека го ја трпеливоста со Икарди, особено поради честите барања на неговата сопруга и агент Ванда Нара за подобрување на финансиските услови и во следниот временски период ги разгледува сите понуди.

Икарди е во Интер од 2013 година кога дојде од Сампдорија и наскоро стана лидер на тимот./МИА

Leave a Reply