Играч на Виљареал врзал и претепал крадец во својата куќа

Сподели со своите пријатели

Дефанзивецот на Виљареал, Рубен Семедо, беше уапсен под обвинение за затворање, врзување и претепување на човек во неговиот дом во Валенсија.

Жртвата се пожалила пред весникот „Лас Провинсиас“. Самедо по инцидентот завршил во полициска станица.

Дејствијата на Семедо биле предизвикани од фактот дека тој го фатил човекот во својот дом, кој веќе зел дел од пленот кога се обидел да изврши грабеж во домот на фудбалерот на „жолтата подморница“. Затоа фудбалер сам му „пресудил“ на крадецот.

Тоа не е прв сличен случај во кој е вмешан 23-годишниот португалски репрезентативец. Во ноември тој влезе во дискотека во Валенсија со огнено оружје, а при друг инцидент, удри човек со стаклено шише по главата.

Румен Семедо премина од Виљареал во Спортинг Лисабон минатото лето за 14 милиони евра, но поради серија повреди успеа да игра во само четири натпревари за тимот.

Leave a Reply