Игор замина дома по две операции на нозете и вграден бај – пас

Сподели со своите пријатели

По две успешни операции, познатиот актер и шоумен Игор Џамбазов (52),  вчера ја напушти Специјалната болница „Филип Втори“, објави болницата „filipvtori.mk на официјалната веб страна.

Loading...

Актерот беше примен на 21 јуни поради компликации со циркулација, и помина 16 дена во болница.

Состојбата на актерот  ја следела доктор Тања Анѓушева, медицински директор на болницата „Филип Втори“ која открива дека актерот бил примен со силни болки во левата нога, која му била студена и помодрена, поради отсуство на периферна циркулација, и дека итно бил опериран.

„ Џамбазов дојде со јаки болки во левата нога, која му беше студена и модра. Се направи компјутерска томографија која покажа  отсуство на периферна циркулација односно  недоволно хранење на  ногата со крв, во пределот од препоните надолу.  Се донесе одлука за итно оперативно лекување . Со  отстранување на  ново настанатите акутни тромби и крвните садови се доби одлична циркулација. После оперативното имаше уреден проток на крвта. На компјутерт беше верифицирано дека има промени во циркулација на десната нога. Регистрирани се како хронични промени во висина на крвните садови на зглобот на коленото, поради што во втор акт се одлучи да се направи бај пас. На десната нога се употреби вена од истата страна и се направи премостување на запушениот дел. После оперативно циркулациски се доби одличен доплер наод, се направи контролен компјутер и на него се верифицира дека проодноста на крвните садови на долните екстремитети кај Игор е одлична.“
Престојот на Игор во болница била приказна која ќе се раскажува долго задари неговиот посебен дух.
„ Тука ме донесе проблемот кој се таложел со години и години нездрав живот. Моите бурни 30-ти и 40-ти. Уште за време на пробите за големиот концерт во Борис Трајковски пред скоро 2 години, почнав да чувствувам трнење во нозете кое во наредните неколку денови полека прераснуваше во непријатна болка. Се залажував дека тоа ми е од незгодната поза во која седам на шанк-столчињата за време на концертите, иако знаев дека не е така. Во последните две години интензитетот на тие болки беше се посилен и посилен после секој настап. Конечно, пред две недели, во Гевгелија се разбудив со двете нозе потполно вкочанети и целосно побелени. Едноставно не ги чувствував. Како да не беа дел од мене.„
Дали после оваа добена битка ќе му се предаде на животот примерно, дали сега е поинаку значењето на здравјето, после се .
„Па јас тоа се обидувам да го правам во последните неколку години. Затоа и направив четиригодишна пауза со алкохолот, затоа и го одбрав моето Слепче за последна сериозна станица во животот, вели Игор.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.