ИДНИНАТА ПРИСТИГНА: Протетичка рака која функционира како и човечката (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Група ортопеди, индустриски инженери и пациенти развија, во соработка со научници од Институтот за технологија во oaенова, специјална протетичка рака, која може да им врати на инвалидите 90% од функционалноста.

Loading...

Таа е дизајнирана за да ги репродуцира природните движења и зафатот на раката, така што луѓето можат да вршат дури и најчувствителни постапки.

ИДНИНАТА ПРИСТИГНА: 3Д принтер направи куќа на два ката (ВИДЕО)

Истражувачите велат дека софистицираниот производ е подготвен за пазарот и бараат потенцијален инвеститор.

За време на тестирањето, луѓето се соживеале со помагалото во рок од една недела.

Се прилагодува на секоја ситуација

Вештачката рака „Ханес“ е дизајнирана за целодневно носење и е опремена со бројни детектори за движење на мускулите, во горниот или долниот дел од телото.

„Тајната е во нејзината механика, потполно единствена на пазарот, што овозможува голема подвижност. „Ханес се прилагодува на секоја ситуација, со помош на еден мотор“, велат експертите.

Loading...

ИДНИНАТА ПРИСТИГНА И ЗА НИВ: Куче-робот носи овци на пасиште (ВИДЕО)

Преку апликацијата за мобилен телефон и Bluetooth, можно е да се прилагодат нејзините параметри, вклучувајќи ја точноста на зафатот и брзината на движење. Ја има во две големини и е погодна и за левораките и за деснораките.

Неговите индивидуални параметри ги надминуваат можностите на помагалата познати на пациентите и медицината, а особено е силен во сегментот на напојување и траење на батеријата.

За успехот на истражувачите кои работеа на овој важен проект пишуваше и угледниот „Science Robotics“.

 

Leave a Reply