ИДНИНАТА Е ТУКА: Тетовирање на далечина повеќе не е проблем (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Дали затоа што воведувањето на 5G мрежата наиде на отпор од различни луѓе ширум светот, или поради некоја друга причина, холандски мобилен оператор одлучи да ја промовира оваа технологија на прилично необичен начин.

Loading...

Наместо да ги демонстрира можностите на 5G технологијата, покажувајќи им што им овозможува на корисниците нејзината голема брзина или прикажувајќи разни паметни уреди (IoT), кои целосно го искористуваат тоа, Т-Мобиле Холандија се одлучи за тетовирање.

За проектот наречен „Невозможната тетоважа“, мобилниот оператор ги ангажираше тату мајсторот Вес Томас, експертот за роботика Ноел Дру и актерката Штајн Франсен.

Дру конструирал и програмирал роботска рака опремена со пиштол за тетовирање, кој работи на принципот на машинско учење.

Томас тогаш ја тестирал „раката“ со тетовирање на далечина се додека не бил задоволен од резултатот, односно сè додека алгоритмите за учење на машината не ја совладале техниката на тетоважа на задоволително ниво на квалитет.

После многу време поминато во обиди и корекција на грешките, системот конечно успеал целосно да „погоди“ што сака уметникот. Роботот потоа бил инсталиран во станот на актерката и тетовирањето можело да започне.

Додека Томас „тетовирал“ пластична рака во просториите на компанијата Дру, роботот точно, во реално време, ги пренесувал неговите движења на раката на актерката Штајн Франсен.

Актерката, инаку, никогаш порано немала тетоважа, па сега се согласила на минималистички цртеж, кој Томас го изведе совршено.

Loading...

На крајот, Штајн беше многу задоволна од сработеното, па рече дека е многу горда што е првата личност во светот што ја тетовирал од далечина робот.

 

https://youtu.be/GSbaqCe747Q

Leave a Reply