ИДЕАЛНО ОСВЕЖУВАЊЕ: 5 причини зошто често да јадете лубеница!

Сподели со своите пријатели

Лубеницата е зеленчук без маснотии, кој содржи многу малку натриум и многу витамини здрави за нашето тело.

Loading...

Нутриционистот Ким Роз истакнува дека лубеницата обезбедува многу потребни хранливи материи кои се важни за целиот организам.

Освен самото овошје, кората можете да ја јадете и затоа што е богата со растителни влакна, исто како и слаткото розово месо, а може да јадете и семе бидејќи тие се богати со протеини.

 

 

Ова се само некои од придобивките што ги има лубеницата:

Нутритивна вредност на лубеницата

Loading...

Една шолја лубеница содржи 0,2 грама маснотии, 11,5 гр јаглехидрати, 0,6 гр растителни влакна, како и многу други хранливи материи.

Бидејќи содржи многу малку натриум, се смета дека овој зеленчук е многу добар за срцевите пациенти.

– Бидејќи лубениците се природно без маснотии и содржат малку натриум, тие нема да доведат до зголемување на крвниот притисок или нивото на холестерол. Со други зборови, лубеницата е одлична за здравјето на вашето срце – истакнува Роз, пренесува Објектив.

 

 

Добро е за хидрирање на организмот

Лубеницата обезбедува околу 20 проценти од вкупниот препорачан дневен внес на вода, поради што треба да ја јадете што е можно почесто во текот на летните денови.

Loading...

– Водата е потценета хранлива состојка, а лубеницата е полна со вода. Секоја клетка во нашето тело бара вода за да функционира. Водата е особено важна во текот на летните месеци, кога дехидрираноста е почеста – објаснува Роз.

 

 

„Гориво“ за вежбање

Лубеницата содржи Л-цитрулин, што е одлично ако сакате да ја намалите болката во мускулите после вежбање.

Доведува до подобар проток на крв, што овозможува снабдување со кислород до мускулите, поради што воспалението се намалува побрзо.

Помага при слабеење

Loading...

Ако сакате да одржувате здрава телесна тежина или да изгубите тежина, воведете лубеница во вашата диета што е можно почесто. Бидејќи содржи многу вода, откако ќе јадете лубеница, нема да бидете гладни долго време. Исто така, лубеницата е нискокалорична храна што може да биде дел од секој оброк.

 

 

Одлична кожа

Лубеницата содржи ликопен, што е многу важно кога станува збор за здравјето на нашата кожа.

Loading...

– Дневната потрошувачка на храна богата со ликопен може да ја заштити кожата од штетни сончеви зраци. Исто така, витамин Ц, кој се наоѓа во лубеницата, е потребен за стимулирање на производството на колаген, што и помага на кожата да изгледа помлада и поцврста – објаснува диетичарката Саманта Касети.

Leave a Reply