ИДЕАЛЕН МИЛЕНИК: Ова куче научило да лае тивко (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во текот на летните месеци, многу луѓе ќе сакаат да одат на одмор со своите миленици. Сепак, кучињата на некои места се непожелни бидејќи нивното гласно лаење понекогаш ги вознемирува луѓето.

Loading...

Затоа ова куче, кое стана вирално на социјалните мрежи, научило да лае тивко, па никому не му пречи.

Видеото е објавено на Редит под наслов „Додека бевме во стан во кој на кучињата им е забрането да лаат, ова куче научи да лае без да пречи на никој“.

Кучето прво лае нормално, а потоа сопственикот го предупредува дека мора малку потивко да лае. Таа му објаснува дека мора да лае како да шепоти, на што тој навистина лае „под здив“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најголемата змија на светот пронајдена мртва, глетката ги скрши научниците

„Тоа е едно слатко паметно куче“, „Имав куче што се обиде да лае така, но звучеше како да кашла“, „Дарвин мора да е горд“, „Некој ве молам да ги научи моите корги да лаат вака“, напишаа луѓето во коментарите.