Иако беше најавено, Чавков не се појави во бегалскиот центар во Табановце

Сподели со своите пријатели

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков не се појави на вчерашната закажана посета на северната граница во Табановце, каде во моментот е стациониран излезниот бегалски центар во кој дневно транзитираат и по 4000 бегалци и мигранти од Блискиот Исток.

Loading...

20150902_183333

На негово место, посетата на делегацијата од Франција ја предводеше Државниот секретар во МВР Анастасија Илиеска, при што беше нагласена ургентна асистенција на ЕУ, во моменти кога кога Македонија се соочува со бран бегалци кој доаѓа од соседна Грција.

Според Илиеска, не постои идеален начин за справување со кризата, и оттука е потребна поголема регионална и сестрана поддршка од европските држави за надминување на кризата.

– Овде не станува збор само за хуманост, туку за одговорноста која сите ние ја имаме кон мигрантската криза, и одговорноста кон националната безбедност и заштита. Добро е кога останатите земји членки на Европска Унија ќе се сетат дека Македонија се соочува со голема бегалска криза. На Македонија во моментот и е потребна огромна помош од Европа и се надеваме дека земјите членки ќе ни излезат во пресрет, истакна Илиеска.

Посетата на т.н коридор од каде преку Железничкиот премин на Табановце дневно на српска страна илегално преминуваат приближно три до четири илјади бегалци беше остварена откако во посета на Македонија пристигна државниот секретар за европски прашања од Министерството за надворешни работи и меѓународен развој на Франција, Арлем Дезир.

11988199_10208004324648262_3115239451006672150_n

Дезир во изјава за новинарите ја нагласи определбата на ЕУ да и се помогне на Македонија, а за таа цел ќе бидат мобилизирани сите служби.

– Паралелно со бегалската криза, потребно е да се зголеми и контролата на границите, бидејќи нема да им се дозволи влез на бегалци кои од економски причини сакаат да ја напуштат својата земја. Од Грција како членка на ЕУ е потребно да се побара и изградба на прифатни центри за бегалците, рече Дезир.

 Според францускиот државен секретар, ниту една земја не може да справи со овој предизивик, но решението секако не лежи во градење ѕидови или поставување бодликава жица.

– Франција како држава има стабилна бројка на мигранти кои годишно бараат азил во нашата држава. Таа бројка се движи до 60 илјади баратели на азил, односно, на дел им се одбрува, на дел не во случај да се работи за бегалци кои бараат азил од економски причини. Франција со бегалската криза одлучи да прифати уште 9000 бегалци кои во моментот се наоѓаат или во Италија или во Грција, вели Дезир.

Пред посетата на бегалскиот излезен центар на Табановце, Дезир оствари средба со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, како и со премиерот Никола Груевски.