И жените се гејмери: Ги сакаат игрите исто колку и мажите

Сподели со своите пријатели

Студија во која учествувале 2.000 луѓе открила дека и жените и мажите сакаат видео игри.

Loading...

Просечен гејмер има над 30 години и татко е на три деца, додека 41 процент од жените признале дека сакаат да играат видео игри, но не на конзоли и компјутери, туку најмногу на телефони.

 

 

Утврдено е дека просечен гејмер е семеен човек, со куќа или стан и заработува 40.000 фунти (45.000 евра) годишно, објави Мирор.

Иако мажите претпочитаат да играат игри, како што се Cole of Duty или Fortnight, дури 41 процент од жените се нарекуваат гејмери, иако играат видео игри на нивните телефони.

 

Loading...

 

Мажите претпочитаат спортски игри или игри со пукање, додека жените претпочитаат стратешки игри и загатки, и обајцата поминуваат скоро исто време играјќи видео игри.

Leave a Reply