И Здружението на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав Куманово со јавна поддршка на кандидатурата на Димитриевски

Сподели со своите пријатели

По повод поднесената иницијатива на Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски за собирање на граѓанска поддршка и потписи во Општинската изборна комисија во Куманово како независен кандидат за Градоначалник на нашата Општина,  се огласија и членовите на Здружението на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав Куманово, од името на полковник Драган Стојмановски, претседател на споменатото Здружение.

Loading...

Целта е да ја истакнат својата несебична поддршка за Градоначалникот на општина Куманово МаксимДимитриевски во врска со неговата кандидатура за независен кандидат за  функцијата Градоначалник на Општината.

 

 

Стојмановски потенцираше дека, на општо задоволство на сите членови на ЗАПВАРС, Градоначалникот Максим Димитриевски е член на Здружението од 16.06.2010 година, кој секогаш е дел од нивните бројни активности, кои во целост ги почитува и поддржува.

– Здружението во секој поглед го одобрува досегашното делување на Димитриевски, кој има сигурна намера да продолжи со започнатите проекти и активности, кои првенствено се однесуваат на граѓаните, кои живеат на територија на општина Куманово, во обезбедување на подобри и поквалитетни услови за секојдневен живот. Здружението ги препознава заложбите на Максим Димитриевски и вистинската потреба на нашите сограѓани, кои бараат соодветни услови за живот и функционирање во сите сфери на општественото делување, вели тој.

 

Loading...

 

Здружението на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав Куманово ЗАПВАРС постои од 2009 година, а во него членуваат преку 700 членови, кои дејствуваат и работат врз основа на предвидената и одобрена Годишна програма на Здружението.

Тие имаат единстено начело и цел, кое се огледа во активностите, кои предвидуваат одржување и негување на борбените и историските традиции на Куманово од поблиско и подалечно минато, каде совршено се вклопува и и соработката со Армијата на РСМ и Министерството за внатрешни работи на РСМ.

 

 

Здружението долги години наназад се занимава и со издавачка дејност во рамките на која досега имаат публикувано неколку книги за Куманово и кумановската историја, кои претставуваат траен белег и доказ за сите значајни историски случувања во Куманово и кумановско.

Loading...