И спомениците од Скопје 2014 ќе добијат ново име

Сподели со своите пријатели

Спомениците од проектот „Скопје 2014“ пред се „Воинот на коњ“ и споменикот на „Филип Втори“ ќе добијат нови имиња, а како што посочи владиниот портпарол Миле Бошњаковски иста судбина ги очекува сите спомен обележја кои ја отсликуваат хеленската култура како историско и цивилизациско наследство на светот.

– „Воинот на коњ“ ќе го преименуваме во тоа што вистински е – Александар Македонски и ќе дадеме објаснување во рамки на споменикот за што станува збор односно „Александар Македонски како дел од хеленскиот антички период и како светско културно наследство“, истакна Бошњаковски.

Според портпаролот на Владата, споменикот неа да се урива и дислоцира туку ќе остане симбол на пријателството меѓу Македонија и Грција.

– Истото ќе се случи и со споменикот на Филип Втори и споменикот на Олимпија. Сите евентуални решенија за спомениците кои се од светското цивилизациско наследство ќе бидат во насока на потврдување на пријателството помеѓу Македонија и Грција. Едно е сигрно ние нема да се срамиме спомениците да ги нарекуваме така како што се, рече Бошњаковски.

Leave a Reply