И покрај обилните врнежи, Пчиња и натаму под просекот

Сподели со своите пријатели

Водостојот на реката Пчиња и натаму е под просекот и покрај обилните врнежи од дожд кои неколку дена без престан паѓаа на територијата на Куманово изминатите денови.

Loading...

Според последните мерења направени утринава во 07:30 часот, од Управата за хидрометеоролошки работи, на мерната станица лоцирана во атарот на селото Пелинце, водостојот на Пчиња изнесува 28 сантиметри.

Споредбено со вчерашното мерење, кое покажало водостој од 36 сантиметри, се бележи значителен пад на нивото на водата.

Сепак, моменталниот водостој е сѐ уште далеку од просечниот за овој период од годината кој изнесува 40 сантиметри.

Никола Ивановски