И по седум натпревари ракометарите на Куманово без победа

Сподели со своите пријатели

Ракометарите на Куманово викендов на домашен терен забележаа пораз и од составот на Младост во рамките на 7. коло од Првата лига.

Иако се надеваа на конечна победа сепак кумановци не изнајдоа решение за составот на Младост.

Првото полувреме гостинскиот состав направи два гола повеќе од домаќините, па на пауза се замина со резултат 14:16.

Вториот дел од средбата и покрај трудот кој го вложија ракометарите на Куманово не можеа да направат пресврт, па мечот го загубија со еден поен разлика, односно конечен резултат 30:31.

МРК Куманово останува единствениот клуб без победа од почетокот на сезоната, кој не успеа да обезбеди бодови и по седумте одиграни меча.

Leave a Reply