И по 7 кола, ЖРК Куманово лидер во табелата

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово вчера на домашен терен со резултат 46:34 го совладаа составот на ЖРК Феникс во натпреварот од 7то коло од женскиот домашен шампионат.

Loading...

Убедлива доминација прикажаа кумановки во првиот дел од средбата кога имаа 10 погодоци повеќе од гостинскиот состав со што си обезбедија стабилност за вториот дел од играта.

На полувреме заминаа релаксирано со 26:16.

Вториот дел од средбата кумановки забележаа пад во играта, но ги извади големата предност од првото полувреме. Во оваа фаза од мечот Феникс беше подобар со осум реализирани погодоци, но сепак не доволно да се достигне скорот што ЖРК Куманово го обезбеди на почетокот од средбата.

Со 11 постигнати голови извонредна игра во тимот на Куманово прикажа Босанката Амела Џакмиќ, додека со осум погодоци мечот го заврши Јована Кипријановска, а еден помалку реализираше Наташа Нолевска.

Скоро половина од головите во тимот на Феникс, односно 14, постигна Емилијана Ризоска.

Со оваа победа кумановки и натаму остануваат на тронот на табелата со седум победи од исто толку одиграни наптревари.

Никола Ивановски

Loading...