И Пентагон ја следи кинеската ракета која без контрола оди кон Земјата

Сподели со своите пријатели

Американскиот Пентагон потврди дека со големо внимание ја следи кинеската ракета што паѓа кон Земјата без контрола и која треба да влезе во нашата атмосфера следниот викенд.

Loading...

Ова укажува на реална опасност од катастрофа, односно делови од ракетата што не горат во атмосферата да паднат во населеното место.

Станува збор за ракета „Lond March 5b“, која беше лансирана минатата недела и тежи дури 21 тон.

 

 

– Сега не може да се одреди траекторијата на ракетата. Ќе биде можно да се направи тоа само откако ќе влезе во нашата атмосфера. Ќе објавуваме дневни брифинзи за состојбата во врска со овој случај, рече Мајк Хауард, портпарол на Пентагон.

18-та ескадрила за контрола на вселената будно внимава на ракетата. Џонатан Мекдауел, астроном од Харвард, изјави за Си-Ен-Ен дека ситуацијата не е толку сериозна:

Loading...

– Луѓето не треба да бидат премногу сериозни. Секако постои ризик, но ризикот од штета е прилично мал. Не би се замарал со овој проблем, има многу посериозни работи за размислување. Океанот е најверојатно место за пад затоа што океаните ја окупираат најголемата област на нашата планета, рече тој.

 

 

Се очекува ракетата да влезе во атмосферата помеѓу 8 и 10 мај. За тоа време, таа ќе кружи околу Земјата 30 пати, движејќи се со брзина од над 35.000 километри на час.

За потсетување, Кина ја лансираше оваа ракета минатата недела со цел да го испорача првиот дел од идната вселенска станица во вселената.

Модулот се нарекува „Тијанхе“ или „Небесна хармонија“.

Leave a Reply