И оваа недела продолжува стабилно и суво време

Сподели со своите пријатели

Нашето подрачје во текот на работната седмица се уште ќе биде под влијание на антициклон кој ќе условува стабилно и суво време со релативно високи днвни температури на воздухот, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија.

Loading...

Во претпладневните часови поради слабо изразено воздушно струење, по одделни котлини и речните долини ќе има ниска облачност и појава на магла.

За разлика од вчера, денеска ќе имаме поголеми услови за позначително разведрување и тоа во доцните претпладневни часови, а на повисоките места и во текот на целиот ден ќе имаме сончево време, пишува метеопро.мк.

Утрото ќе го започнеме главно со температури околу нулата, додека во текот на денот повторно ќе имаме релативно повисоки температури од вообичаените за овој период од годината. Така максимумот денеска ќе достигне од 10 до 12 степени во котлините, додека на крајниот југ ќе имаме и до 17 степени целзиусови.

Според порталот за временска прогноза, ќе има веројатност местата кои подолго ќе останат под слој на ниска облачност да имаат мала стагнација на температурата во текот на денот.

Во околината на Куманово денеска ќе имаме услови за релативно сончево време без услови за наоблачување. По утринската магла и температура околу нулата, во текот на денот максималната дневна ќе достигне до 10-от степен.

Во текот на наредните денови ќе имаме период на слично суво и сончево време, но дневните температури ќе бидат во сосема благо опаѓање.