И научниците изненадени: Дали е можно да се успори биолошкиот часовник?

Сподели со своите пријатели

Протокот на времето неизбежно води кон старост и крај на животот. Иако луѓето сè уште не можат да го забават процесот на стареењето, новите истражувања – што ги шокираа дури и научниците кои го спроведоа експериментот – велат дека тоа може да се промени.

Loading...

Нивната студија открила дека специфичниот редослед на хормоните за раст и лекови ги покажува првите знаци дека навистина е можно да се смени биолошкиот часовник. Истражувањето беше спроведено во многу мал обем, со само девет возрасни учесници и без контролна група, но резултатите се сепак возбудливи.

Мала група волонтери една година имале строга рутина на лекови, кои вклучуваат хормони за раст и два лека што обично се користат за лекување на дијабетес. Истражувачите ги следеле нивните биолошки години – кои се мерка на промени во генетиката со текот на времето и се користат за да се утврди староста на телото во однос на хронолошките години.

На крајот на експериментот, субјектите биле 1,5 години помлади од кога започнал експериментот, што значи дека тие биле всушност 2,5 години помлади од што би биле во моментот кога студијата ќе заврши.

Намалувањето на биолошката возраст продолжило уште шест месеци по завршувањето на студијата.

„Очекував да забележам успорување на часовникот, но не и пресврт“, рече генетичарот Стив Хорват, кој учествуваше во студијата.

Иако резултатите се значајни, треба да се има предвид малиот обем на студијата, пишува Bgr.com.

Leave a Reply