И Куманово ќе добие нови полицајци

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово ќе добие 10 нови полицајци, додека Регионалниот центар за гранични работи Север кој исто така се наоѓа на подрачјето на Куманово, ќе добие 100 нови службеници, согласно огласот за вработување кој го објави Министерството за внатрешни работи .

Loading...

Кандидатот треба да биде државјанин на Република Северна Македонија, да е полнолетен, а да не наполнил 25 години живот ако за првпат заснова работен однос на работно место во Министерството за кое е предвидено средно образование, активно да го користи македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, со безбедносна проверка да е утврдено дека не постои безбедносен ризик од вработување на кандидатот, да има завршено најмалку четиригодишно средно образование, да е здравствено и психофизички способен и со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност  или должност.

Од посебните услови, кандидатите мажи треба да бидат високи најмалку 175 сантиметри, а кандидатките 165цм, а треба да имаат и висока лична физичка подготвеност.

Рокот за пријавување е 15 дена.

Leave a Reply