19.07.2018 14:41

И Јанески потпиша за Работнички

loading...

По Бобан Стајиќ, Марјан Јанески е вториот кошаркар кој дресот на Куманово ќе го замени со оној на Работнички.

Како што пишуваат спортските портали Јанески бил близу да потпише уште еден договор за Куманово, но во последен момент се решил својот кошаркарски настап во претстојната сезона да го продолжи во „Градски парк“.

Се погалсни се шпекулациите дека Никола Караколев и Александар Штерјов ќе преминат во Кожув, додека за составот на Куманово засега нема никакви новости, откако општината значително го намали буџетот на клубот.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments