И Инстаграм ќе се бори против лажните вести

Сподели со своите пријатели

Инстаграм најави воведување опција која на корисниците ќе им овозможи да означат содржина за која сметаат дека е лажна и така да ја направат невидлива за останатите корисници, пренесува порталот Seebiz.

Loading...

Иако Инстаграм не се среќава со толку лажни објави како што тоа е случајот со Фејсбук, аналитичарите истакнуваат дека можеби е поефикасен во ширењето лажни информации.

Иако објавување лажни информации на Инстаграм не е забрането, нивното означување е прв корак кој Инстаграм го презема во борбата против лажните вести и невистинити информации кои се шират на социјалните мрежи.

Токму како што тоа веќе е добро позната пракса на Фејсбук, во иднина таквите информации потешко ќе се шират и на Инстаграм.

Фејсбук уште во мај покрена препознавање фотографии на Инстаграм за да содржината која на Фејсбук е означена како лажна или невистинита, автоматски се отстрани и од Инстаграм.

Објавите кои алгоритмот ќе ги препознае како лажни нема да бидат избришани, туку ќе бидат остранети од категоријата „Истражи“ и нема да се појавуваат во резултатите на пребарувањата.

Пријавување лажни објави на Инстаграм за сега ќе биде достапно само во САД, а постепено би требало да биде достапно и за останатиот дел од светот.

Корисниците на Инстаграм многу се поактивни во „лајкувањето“, коментирање и споделување содржини од корисниците на Фејсбук, а фактографите кои работат со Фејсбук се скептични и не веруваат дека корисниците сами можат ефикасно да препознаат и пријават лажни објави.

Loading...

Leave a Reply