И годинава ќе се организира „Бдеење на кокински мугри“

Сподели со своите пријатели

Кумановци и оваа година на 31ви јули ќе можат да бидат дел од манифестацијата „Бдеење на кокински мугри“ и заедно да ги дочекаат првите зраци на сонцето кај мегалитската опсерваторија Кокино.

Програмата ќе трае од  6 до 7 часот наутро, а за сите оние кои сакаа да го посетат локалитетот ќе има и организиран превоз со тргнување од пред поранешен хотел „Кристал“ во 4:45 часот. Сите заинтересирани за превоз треба најдоцна до 29-ти месецов да се пријават на телефонскиот број 031/438-616 и на локацијата да бидат најдоцна до шест часот.

Покровители на манифестацијата ќе бидат Градоначалникот и Совет на Општина Куманово, а заедно во организација со Фондацијата за култура и спорт Куманово, НУ Музеј – Куманово и Здружението на граѓани Друштво на писатели – Куманово.

Инаку уште два дена трае распишаниот конкурс од страна на Друштвото на писатели за испраќање на необјавена поетска творба не подолга од 35 стиха. Творбите заедно со име и презиме, e-адреса и телефонски број да се пратат на: [email protected].