И долгиот сон штети на здравјето

Сподели со своите пријатели

Квалитетниот сон е корисен и им помага на телото и умот да се обноват. Може ли сепак нешто толку  убаво да биде прекумерно и да штети?

“Луѓето кои спијат по 10 и повеќе часа на ден имаат драматично полоши здравствени индикатори од оние кои спијат 7-8 часа”, вели Сузан Редлајн, професор по ноќна медицина на Харвард.

Колегата  д-р Дејвид Ирвин од медицинското училиште Geffen дури смета дека “преспивањето” може да доведе до некои болести.

Еве какви здравствени проблеми може да предизвикате ако потрошите многу време под покривката:

1. Зголемен ризик од кардиоваскуларни болести

Срцевите болести се причина број еден за смртност во САД. А, спиењето повеќе од 8 часа ја зголемува веројатноста да добиете таква болест до 34%.

2. Може да се здебелите

Сте слушнале дека луѓето кои спијат помалку се склони кон дебелеење. Спротивнотото исто така важи, бидејќи човек кој поминува многу време во креветот, има помалку време да биде активен и да троши енергија / калории, објаснува д-р Редлајн.

3. Може да развиете дијабетес

Вишокот сон може да го зголеми нивото на шеќерот во крвта во вашето тело (како и недостатокот на доволно спиење). Високите нивоа на гликоза во телото често водат до развивање на дијабетес тип 2.

4. Умот ви е поматен

Не можете да се концентрирате? Вината може да се крие во преспивањето. Хроничното прекумерно преспивање може да го остари умот со до две години и да го отежне извршувањето на обични секојдневни “операции”, тврди истражувањето објавено во списанието Journal of the American Geriatrics Society.

Според д-р Ирвин, спанковците кои имаат проблем со исполнувањето на обични ментални задачи, веројатно не успеваат да набават квалитетен сон, а се будат постојано ноќе.

5. Може да предизвикате рана смрт

Не е јасно како точно едното влијае на другото, но истражувања покажаа дека луѓето кои се соочуваат со рана смрт во најчестиот случај се спанковци. Покрај тоа индиректниот развој на болести како дијабетес и кардиоваскуларни болести логично може да придоне за кусиот животен пат.