И диносаорусите заболувале од рак, открија научниците

Сподели со своите пријатели

Кога научниците откриле фосил од роговиден диносаурус во канадската провинција Алберта во 1989 година, тие забележале значително деформирана коска на нозете и претпоставиле дека станува збор за заздравена фрактура.

Loading...

Новата анализа покажа нешто друго, објавија научниците.

Малата формацијата е всушност остеосарком, агресивен карцином на коските, така што овој центросаурус, кој живеел пред 76 милиони години, е првиот познат примерок на диносаурус кој страдал од малигна болест.

Долг околу шест метри, центросаусот бил четириножен тревојад, кој имал долг рог над носот и коскено кормило над вратот, со два помали криви рогови.

„Подебелата коска на долниот дел од ногата содржеше огромен нодуларен тумор поголем од јаболко“, рече палеонтологот Дејвид Еванс од музејот Кралскиот Онтарио во Торонто и еден од авторите на студијата објавена оваа недела во Lancet Oncology.

„Тој центросаурус бил веројатно слаб и немоќен поради ракот пред да умре. Ова извонредно откритие открива дека без оглед колку биле големи или моќни, диносаурусите биле жртви на многу од заболувањата што ги гледаме денес кај луѓето и другите животни, вклучувајќи го и карциномот. Диносаорусите важат за митски суштества, но ова се животни кои живееле, дишеле и страдале од ужасни повреди и болести“, додаде тој.

Бидејќи повеќето тумори се јавуваат во мекото ткиво кое не се претвора во фосил, има само спорадични докази за тумори на фосили.

„Овој наод укажува на биологијата на туморот. Не е нешто ново, но веројатно се случува долго време и се очекува компликација кај сите животни”, вели авторот на студијата др. Марк Краутер, професор по медицина, патологија и молекуларна медицина на Универзитетот Мекмастер во Онтарио.

Loading...

„Остеосаркомата главно се јавува кај коските што растат брзо и се јавуваат кај деца и млади. Веројатно е дека диносаурусите исто така биле изложени на ризик затоа што растат енормно брзо“, додава Кроутер.

Туморот ја уништува коската и може да се шири на други ткива, вели Краутер. Кај луѓето, третманот се состои од хемотерапија и операцијата што понекогаш вклучува ампутација.

Научниците потврдија дека станува збор за тумор со употреба на КТ со висока резолуција и проучување на мали парчиња коска под микроскоп.

„Не само што бевме во можност да покажеме дека коскеното ткиво ги има сите карактеристики на остеосаркомот, туку и дека туморот се шири преку цврсто коскенско ткиво, што укажува на неточност на оригиналната дијагноза на зараснатата фрактура“, вели Еванс.

Рак, на крајот на краиштата, можеби не го убило овој центросаурус. Неговите коски биле пронајдени покрај коските на стотици други диносаоруси кои сугерираат дека тој починал во стадо веројатно зафатено од поплавите, заклучува Еванс.

Поради карциномот, ова животно би можело да биде потешко да се движи и со тоа да стане мета на големи предатори како што се горгосаоруси и дисплетосаоруси, но животот во стадото може да обезбеди заштита, па затоа успеал да избегне напади од големи предатори.

Leave a Reply