И денеска услови за врнежи, температурите без значителни промени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Loading...

Околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер., информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Попладне е можна изолирана појава на нестабилност проследена со врнежи дожд и грмотевици.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи во интервал од 13 степени во утринските часови, до максимални 25 во текот на денот.

Loading...

 

 

Како што појаснуваат од УХМР, продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, претпладне со сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.

Температурата во следните денови нема значително да се менува.

 

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply